Реал Мадрид понуди 60 милиони евра за Фалкао
Летниот преоден рок се ближи кон својот крај, па така клубовите брзаат да финализираат уште некој мега трансфер. Реал Мадрид само што го продаде Ангел ди Мариа на Манчестер Јунајтед за 75 милиони евра, па заработените пари планира да ги потроши на Радамел Фалкао од Монако, чиј трансфер би чинел 60 милиони евра.
Манчестер Јунајтед сака да го доведе и Артуро Видал од Јувентус во зделка која вклучува пари плус Мексиканецот Хавиер Ернандес Чичарито. Старата дама се очекува да се засили со Џердан Шаќири од Баерн Минхен.
Од другите трансфер новости, Баерн Минхен ги обезбеди услугите на дефанзивецот Бенатиа од Рома, за кого издвои 28 милиони евра. Како замена за Бенатиа, Рома го ангажираше грчкиот дефанзивец Манолас од Олимпијакос.
Манчестер Јунајтед пак, не застанува со трошењето- по трансферот на Ди Мариа во следните неколку дена се очекува и Артуро Видал да пристигне на „Олд Трафорд“. Покрај пари, Јувентус за Видал ќе го добие мексиканскиот напаѓач Чичарито, а торинскиот гигант се очекува да го засили и Џердан Шаќири од Барн Минхен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа