Соседите влијаат на нашето здравје- еве како

 

Добрите соседи се важни за одржување на здравото срце.

 

Ова го потврдило истражувањето кое било спроведено на 5 илјади луѓе постари од 50 години во временски период од 4 години.

 

Испитаниците морале да одговорат на прашања за тоа дали се чувствуваат како дел од соседството во кое живеат, дали со нив се однесуваат пријателски и дали би им помогнале во случај на несреќа, а за крај одговарале на прашањето колку им веруваат на нивните соседи.

Сето ова се нарекува социјална кохезија на соседството и се рангира на скала од 1 до 7.

Истражувањето покажало дека луѓето со висока социјална кохезија имаат помал ризик од срцев удар, па дури и кога научниците ги одзеле другите фактори на ризик.

Поврзаноста помеѓу здравјето и местото на живеење се истражувало и претходно, но само земајќи ги во предвид факторите: бука, загадување или густина на население.

 

-Ова истражување оде еден чекор напред, а се покажа дека животот во добро соседство со соседи кои ќе ве поддржуваат и ќе се грижат за вас има позитивен ефект на нашето здравје, заклучил Ерик Ким, психологот и автор на истражувањето.

26.08.2014 - 13:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега