Три случаи на заболени од жолтица во Куманово

Во последните две недели се регистрирани три случаи на заболени од заразна жолтица тип А, соопшти Центарот за јавно здравје од Куманово.

Надлежните од установата информираат дека станува збор за спорадични случаи на заразени.

- Заболените се на возраст од 13 до 23 години, изјави доктор Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје.

Две лица кои претходно биле хоспитализирани се пуштени на домашно лекување.

- На Инфективното одделение хоспитализирано е едно лице, изјави доктор Валентина Џартовска од Инфективното одделение во Општата болница во Куманово.

Од Центарот за јавно здравје истакнуваат дека постојано се следи состојбата на терен. Преземени се превентивни мерки во насока на едукација на граѓаните, а започната е и дезинсекција на училиштата и градинките пред почетокот на учебната година.

- Редовното одржување на личната и општата хигиена е исклучително значајно за превенција од оваа заболување што подразбира темелно миење на раце пред секое јадење и по одење во тоалет, одржување на хигиената во домот, особено санитарните јазли, а се препорачува да не се пие вода од локални извори - бунари, појаснува доктор Стаменковска од Центарот за јавно здравје.

26.08.2014 - 11:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега