Секој десетти Македонец лани лежел во болница

Секој десетти Македонец минатата година лежелво болница. Вкупниот број на хоспитално лекувани во 2013 година изнесува 223.439 пациенти и е поголем за 13.131 случаи, односно за 6,24 % во однос на 2012 година, информира Фондот за здравствено осигурување.
Следствено е зголемен и вкупниот број на остварени болнички денови (односно вкупниот број на денови поминати во болница) на 1.235.883, што претставува зголемување од 3,8%, односно 45.281 болнички денови повеќе. Ова зголемување се јавува во сите здравствени установи, со исклучок на неколку клиники, општи и специјални болници, со тренд на пренасочување на пациентите кон општите болници, односно пациентите повеќе се третираат во општите болници и помалку се преупатуваат на универзитетските клиники, пред се како резултат на добиената нова софистицирана опрема и едукација за вработените за користење на истата. Во пракса ова значи дека листите на чекање се намалуваат и годишно се лекуваат повеќе болни лица.

Ако се собере број на хируршките интервенции извршени во ГОБ 8 Септември Скопје,  Специјална болница по гинекологија и акушерство Чаир Скопје, ПЗУ Филип 2, ПЗУ Клиничка болница Систина, ПЗУ Систина офталмологија, ПЗУ Европска очна болница и Универзитетските Клиники, се добива податок дека 61,7% од сите хируршките интервенции се изведуваат на територија на град Скопје.

26.08.2014 - 11:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега