ФОТО: Фудбалерите ме повикуваа на секс- исповед на една спортска новинарка
Спортската новинарка Хилде Ван Малдерен од Белгија ја објави својата книга во која изнесува детали од нејзината кариера и соработката со фудбалерите и тренерите од кои била опкружена во текот на својот работен ангажман.
Младата новинарка својата контроверзна книга насловена „Играчки“ ја објави по долгогодишна успешна кариера како спортска новинарка за време на која, како што наведува таа, била „изложена на константни провокации и сексизми од страна на фудбалерите и тренерите од клубовите“.
Како прилог на своите тврдења таа ги принесува содржините од голем број СМС пораки кои, како што наведува, ги добивала од фудбалерите и тренерите.
Малдерен тврди дека бивш фудбалер ѝ ја пратил следната порака:
„Знаеш ли дека сакам шампањ? Сакам да те полијам со него и потоа да го излижам од тебе“.
„Зошто не би спиела со мене вечерва?“, „Вторник. Завентем (аеродром). Тоалети. Имаш ли храброст?“ , „Не можам да престанам да мислам на тебе“, се дел од СМС пораките што ги добивала оваа новинарка.
Некои од нив пак биле попрактични па и испраќале и вакви пораки: „Додека немаш дечко, ќе бидам твој пријател за секс“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа