Познати четири екипи кои обезбедија пласман на Евробаксетот 2015

 

По одигрувањето на натпреварите од 5.коло од квалификациите за Европското првенство 2015 година во кошарка познати се четири селекции кои обезбедија пласман на завршницата без разлика на исходот на дуелите од последното коло. Тоа се: Летонија, Белгија, Босна и Херцеговина и Израел.

Летонија има скор од пет победи од пет натпревари, а Босна и Херцеговина 3 од 3 и тоа се двете селекции без пораз.

Со победа во последното коло над Белорусија и Македонија ќе обезбеди пласман на Европското првенство.

Резултати од 5.коло и табели:
А група: Б и Х - Велика Британија 74:68. Исланд слободен.
Табела: Б и Х 6 бодови, Исланд 5, В.Британија 4.

Б група: Бугарија - Црна Гора 73:84 и Израел – Холандија 83:60.
Табела: Израел 9, Холандија 8, Црна Гора 8, Бугарија 5.

Ц група: Германија - Австрија 88:69 и Полска – Луксембург 100:64.
Табела: Полска 9, Германија 8, Австрија 8, Луксембург 5.

Д група: Македонија - Данска 80:46 и Белорусија – Белгија 73:99.
Табела: Белгија 9, Македонија 9, Белорусија 7, Данска 5.

Е група: Португалија - Чешка 61:75 и Грузија – Унгарија 79:59.
Табела: Чешка 9, Грузија 8, Унгарија 8, Португалија 5.

Ф група: Словачка – Летонија 65:89 и Шведска – Романија 86:88.
Табела: Летонија 10, Романија 9, Шведска 6, Словачка 5.

Г група: Италија – Русија 68:72. Швајцарија е слободна.
Табела: Русија 6, Италија 5, Швајцарија 4. 

25.08.2014 - 11:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега