Во Вевчани ќе „никне" повеќенаменска спортска сала

До крајот на ноември Општина Вевчани ќе добие повеќенаменска спортска сала со 500 седишта. Во тек е изградбата на челичната конструкција, односно завршени се околу 60 отсто од градежните работи.

Увид во изградбата на спортската сала денеска изврши премиерот Никола Груевски, придружуван од градоначалникот Светомир Угриноски. Спортската сала се наоѓа во близина на ОУ „Страшо Пинџур“ и тениското игралиште во Вевчани, што, според Угриноски, ќе придонесе за развој на спортскиот туризам во општината.

 

- Ова е можност за развој на спортскиот туризам. Ќе биде образовен и спортско-рекреативен комплекс. Се надевам дека ќе успее да се развива спортскиот туризам, рече Угриноски.

 

Изградбата на спортската сала почна лани во октомври, а се наоѓа на 850 метри надморска височина.

 

Општината, како што нагласи градоначалникот, ќе формира кошаркарски, ракометни и други спортски клубови.

Изградбата на спортската сала е дел од владиниот проект „145 спортски сали за основните и средните училишта“ што се реализира преку Министерството за образование и наука, инвестиција околу 850.000 евра.

24.08.2014 - 12:49
Фото: 
прилеп.гов
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега