Охрид ќе добие нова пешачка патека до Канео и марина

Премиерот Никола Груевски кој присуствуваше на  пуштањето во употреба на  реконструираниот локален пат од горно до долно Лакочереј, Охридско денеска истакна дека изградбата на пешачка патека од центарот на Охрид од пристаништето до зад Св. Јован Канео и на марината се дел од инфраструктурни проекти значајни за Охрид кои се дел од програмата на Владата.

Тој посочи дека веќе разговарале со градоначалникот на Охрид и министерот за транспорт и врски за неколку значајни проекти во Охрид, а еден од нив бил и пешачката патека од центарот на Охрид од Пристаништето до некаде зад Канео.

 

-Сега треба да почне реконструкција, односно да почне изработка на проект за што министерот за транспорт ќе започне процедури и некаде за од прилика една година отсега или година и неколку месеци да започне градбата на оваа патека и да заврши до крајот на 2016 година. Разговаравме и за марината за која што ќе требаат сериозни подготовки и се надевам некаде од 2017 ќе почне и ќе заврши градбата, истакна Груевски.

 

Целиот проект се очекува целосно да биде завршен до 2018 година при што доколку има интерес за јавен-приватен партнер согласно програмата , проектот ќе се реализира по пат на јавно-приватно партнерство.

 

 

24.08.2014 - 11:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега