Велешките деца заминаа на рехабилитација на Пелистер

Во организација на Здружението на родители за грижа за здраво поколение од Велес денеска на Пелистер на климатска рехабилитација во трета дополнителна смена заминаа 100 деца од Велес и 40 од од селото Возарци, Кавадаречко.

Оваа трета дополнителна смена речиси бесплатно им ја овозможи Министерствто за животна средина и просторно планирање и Детското одмаралиште на Пелистер, додека родители плаќаат само минимала партиципација од илјада денари, информира Иванка Андова, претседател на Здружението на родители за грижа за здраво поколение.

- Поради неопходноста од претстој и климатска рехабилитација на чист воздух далеку од загадената животна средина која им создава проблеми со здравјето, пред се,  со респираторниот систем, Министертсвото за животна средина и просторно планирање одлучи за велешките деца да финансира дополнителна смена, а во дел финансиски не поддржа и тимот на Детското одмаралиште на Пелистер, каде велешките деца престојуваат веќе 13 лета, информира Андова. 

Според неа, кај децата со респираторни проблеми кои престојувале на Пелистер лекарите утврдиле дека здравјето во многу им се подобрило и не им била потребна терапија шест месеци по враќање од планина.

Децата од третата смена од Велес и Возарци заедно со своите воспитивачи и членови на Здружението ќе престојуваат на Палистер во наредните седум дена.

23.08.2014 - 15:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега