Германска компанија ќе гради фотоволтаична централа кај Македонски Брод

Фотоволаична централа која ќе произведува еден мегават електрична енергија близу селото Инче во Македонски Брод ќе гради германската компанија мини хидроцентрали од Меминген.

Откупени се 28 илјади метри квадратни на кои ќе бидат поставени сончевите колектори  и опрема. Инвестицијата е еден милион евра,пари  обезбедени од Европската банка за развој.

Германскиот инвеститор,сака да ги откупи и останатите три локации за оваа намена близу Инче. 

Од германската компанија мини хидроцентрали која во Европа има над 40 мали хидро и фотоволтаични централи тврдат дека со максимална искористеност на сончевите денови и часови, инвестицијата се врака за осум години, а одржувањето е минимално и нема еко загадување.

22.08.2014 - 09:59
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега