Одиграни првите средби од бараж натпреварите во Лигата на шампиони
Со одигрувањето на петте натпревари синоќа беше комплетирана програмата од првите бараж дуели од Лигата на шампионите. Словенечкиот шампион Марибор, каде што настапува македонскиот репрезентативец Агим Ибраими одигра на домашен терен нерешено со шкотски Селтик – 1:1. Ибраими беше на теренот сите 90 минути.
Преглед на резултатите: Алборг – АПОЕЛ 1:1, Лил – Порто 0:1, Марибор – Селтик 1:1, Слован Братислава – БАТЕ Борисов 1:1, Стандард – Зенит 0:1, Бешикташ – Арсенал 0:0, Копенхаген – Баер Леверкузен 2:3, Наполи – Атлетик Билбао 1:1, Салцбург – Малме 2:1 и Стеауа – Лудогорец 1:0.
Реванш натпреварите се играат на 26 и на 27.август.
Синоќа се одиграа и два натпревара од баражите од Лига Европа: Днипро – Хајдук 2:1 и Стјарнан – Интер 0:3. Вечерва се играат уште 29 натпревари од оваа фаза во Лига Европа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа