Македонските тенисери со половичен успех на денешните мечеви
Со половичен успех ги завршија своите денешни мечеви двајцата македонски тенисери кои настапија на фјучрс турнири.
Димитар Грабул на турнир во Белгија во 2.коло го победи Германецот Даниел Алтмаер со 2-0, по сетови 6:3 и 6:3. Во четвртфиналето Грабул ќе игра со победникот од мечот на двајцата домашни тенисер Џермен Жижуно и Роман Богертс.
За разлика од Грабул, Шендрит Деари го предаде мечот од 1.коло на фјучрсот во Нови Сад против Антун Пехар (Хрватска).
Попладнево од македонските тенисери ќе настапи Томислав Јотовски во двојки со Страхиња Ракиќ, ќе играат против Филип Грбиќ и Марко Тепавац на турнирот во Нови Сад.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа