МЗТ Скопје се засили со нов центар
24-годишниот Американец Милтон Џенингс, висок 206 сантиметри, игра на позициите крилен центар/центар и треба да претставува засилување под обрачите во тимот од Аеродром.
Италијанскиот Мобит Ферара е тимот каде што лани настапуваше Џенингс и чиј просек беше 12.5 поени и 7.7 скокови по натпревар.
Претходно Џенингс четири години ги бранеше боите на универзитетот Клемсон во НЦАА лигата.
Милтон Џенингс доаѓа како замена за словенецот Марко Пајиќ кој поради обнова на хронична повреда (дискус хернија) нема да биде во можност да продолжи со подготовките на шампионот и ќе се врати назад во Словенија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа