ВИДЕО: Предвреме ја прослави победата, на крајот заврши деветти
19 - годишниот шпански мотоциклист Алекс Ринс кој настапува за тимот на Хонда, беше на водечката позиција и почна да ја слави победата на трката во Брно.
Но тој не ги избројал убаво круговите бидејќи до крајот на трката имало уште еден круг. Останатите возачи ја продолжиле трката, а Алекс на крајот заврши дури на деветото место.
- Страшно...Јас сум едиствениот виновник за ова што се случи, кратко прокоментира разочараниот Ринс.
19.08.2014 - 15:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа