Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација прогласен за најдобар тренер во Словенија

 

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Александар Џикиќ е прогласен за најдобар тренер во Словенија за сезоната 2013/2014.

Во изборот на тамошното Здружение на кошаркарските тренери Џикиќ признанието го доби поради успехот со Крка. Српскиот стручњак со тимот од Ново Место стигна до двојната круна во Словенија минатата сезона.

Џикиќ доби 72 гласа од вкупно 159 новинари што учествуваа во изборот.

Второто место со 45 гласа го освои сегашниот тренер на МЗТ Скопје Аеродром, Змаго Сагадин, кој минатата сезона работеше во Хелиос.

Третото место му припадна на поранешниот македонски селектор Алеш Пипан од Унион Олимпија, со 18 гласа.

19.08.2014 - 15:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега