Денеска сонце - УВ индексот 8

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб северен ветер.

Температурата ќе се движи од 22 до 32 степени Целзиусови.

УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево со температура од 15 до 30 степени.

Во наредните денови ќе се задржи стабилно и сончево време со мала облачност. Температурите ќе бидат во пораст, а само во четврток во попладневните часови ќе има услови за појава на краткотрајна локална нестабилност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. 

18.08.2014 - 09:09
Фото: 
таратур
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега