Зоран Заев е нов претседател на СДСМ

Струмичкиот градоначалник Зоран Заев е избран за нов претседател на СДСМ.

Тој попладнево на партискиот конгрес во првиот круг гласање освои 384 гласови од делегатите, додека останатите двајца кандидати, Зоран Јовановски и Кире Наумов освоиле вкупно 216 гласови.

Стотина делегати воопшто не присуствуваа на конгресот.

Според многуммина и покрај изборот на Заев, Црвенковски ќе продолжи од позадина да управува со партијата.

ФОТО: Курир

најчитано сега