Факти: Зошто лошите девојки се магнет за добрите момци?
Таа ги нервира сите девојки, но покрај себе секогаш има одлично момче. Ова сценарио сме го виделе многу пати. Тој е прекрасен, згоден, завршил факултет, културен е и љубезен, а се заљубува во девојка која ја бие лош глас. Еве неколку причини:
- Тие провокативно се облекуваат
Лошите девојки сакаат да се облекуваат провокативно и секси да изгледаат. Тоа едноставно, ги возбудува мажите. Високи потпетици, кратки фустанчиња и деколте- па кој маж би им одолеал?
- Вообичаено не сакаат сериозни врски
Тие се слободни и независни. Не им е ни на крај памет да влезат во долга врска. Всушност, за ваквите девојки долга врска значи две недели.
- Не глумат
Лошите девојки не трчаат по луксузни ресторани, дискотеки и онаму каде што е “шемата“. Тие се скромни, не глумат, но едноставно го земаат она што го сакаат.
- Подобро ги разбираат мажите
Ништо не им е непознато. Од одење на фудбалски натпревари, кампување под ведро небо или ноќно капење. Мажите во нив освен “месо“, гледаат и добро друштво за излегување.
- Одлични се во кревет
Можеби во пракса тоа не е вистина, но мажите така мислат. Лошите девојки сакаат да експериментираат во кревет, а тоа е нешто кое секој маж го полудува. Дури и самата ќе предложи некоја безобразна игра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа