Нови поквалитетни јавни тоалети во центарот на Скопје
Град Скопје планира да постави нови поквалитетни јавни тоалети во центарот на градот, најави скопскиот градоначалник Коце Трајановски.
- Град Скопје бара нов тип на тоалети кои имаат подобар изглед и кои ќе можат да бидат ставени во центарот на градот, бидејќи сегашните тоалети, „Тоифор“ немаат добар изглед за прометните места, како плоштадите, изјави градоначалникот Трајановски.
Постапката за избор на новите тоалети ќе трае до Нова година, а најверојатно ќе бидат поставени на плоштадите „Македонија“ и „Филип Втори“, кејот на Вардар и на други места во централното подрачје, но тоа дополнително ќе го кажат службите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа