Се решава долгогодишен проблем: Нова фекална канализација на „Бутелска“

 

Во општина Бутел во тек е изградбата на нова фекална канализација на улицата „Бутелска“, поточно на нејзините краци „3“ и „5“ во населбата „Расадник“.

- Вкупната должина со приклучокот на главниот колектор ќе изнесува 500 метри, а цевките се поставуваат на длабочина од четири метри, бидејќи старата канализација што граѓаните си ја правеле сами пред многу години се покажа како плитка, нефункционална и проблематична, велат од општина Бутел.

Градоначалникот Петре Латиновски беше во посета на ова градилиште и оствари средба и со граѓаните од овие улици. Нивното задоволство беше очигледно, бидејќи конечно ќе им се реши долгогодишниот проблем со фекалната канализација, нагласуваат од општината. 

05.08.2014 - 13:32
Фото: 
фактор
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега