Толку беше од СДСМ во општина Центар
СДСМ очигледно го заврши делот од мандатот каде ја имаше позицијата навласт во општина Центар. По денешното гласање стана јасно дека во општината предводена од Жерновски коалицијата предводена од СДСМ веќе нема мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат по 11 советници, додека претседавачот на општинскиот совет и претседател на локалната организација на СДСМ во општина Центар Мирослав Шиповиќ гласа воздржано. Тоа беше доволно, на денешната седница советот да не ги прифати решенијата на градоначалникот Жерновски да се стопира реализацијатана деталните урбанистички планови за Тасино Чешмче, Капиштец и Мал Ринг. Жерновски не усепа да обезбеди мнозинство за своите барања, па ДУП-овите влегуваат во фаза на реалиација. Тој најави дека одлуката ќе ја обжали пред Уставниот суд.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа