Хаос во општина Центар - се спукаа Жерновски и Шиповиќ

 

Жерновски и Шиповиќ ги скршија копјата околу уставноста и законитоста на ДУП-овите за Тасино Чешмиче 1 и Капиштец-Водно,  на седницата на Советот на општина Центар. 

 - 2-та ДУП-ови се спротивни на Уставот, и на два закони (за локална самоуправа и  просторно планирање) и на деловникот на Општина центар, му се обрати Жерновски на Шиповиќ.  Шиповиќ врати:

- За мене не држи тоа што го кажа градоначалникот! Се е согласно законите, процедурите се запазени. 

Жерновски реплицираше : Очекував од други да реплицираат, не од вас!   

 

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваат Жерновски дека има селективен пристап во изнесување информации за јавноста. На  претседавачот му избега од контрола воспоставувањето на ред на седницата, наместо гласање за ДУП-овите се слушаат препукувања- кој какви ветувања дал и што исполнил за граѓаните

04.08.2014 - 14:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега