Казни до 400 евра за шетање куче без заштитна маска
Општина Аеродром упати апел до граѓаните своите домашни миленици да не ги шетаат без заштитна маска и да носат кеси со себе за да го собираат изметот што нивните миленици го оставаат зад себе.
Од понеделник, во согласност со Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, член 29, комуналните и полициските служби ќе изрекуваат соодветни казни. Според овој член, граѓаните кои без заштитни средства (маска и слично) без надзор и невнимателно држат кучиња и други опасни животни кои можат друг да престрашат или да повредат ќе им се изрече глоба во износ од 100 до 400 евраво денарска противвредност.
Исто така, според Законот за јавна чистота, член 33, се изрекува глоба на физичко лице кое остава фекални остатоци на домашно милениче надвор од садовите за отпад.
Затоа, општина Аеродром апелира да се почитуваат одредбите на овие закони и милениците да се шетаат со маска, како и да се носат кеси за собирање на изметот на милениците со цел да се избегнат непосакуваните законски санкции. На тој начин ќе се заштити и животната средина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа