Петмина повредени во сообраќајката во Струмица - меѓу нив и дете

Страотна сообраќајка се случи утрово во Струмица во која се повредени пет лица. Според податоците на Курир, до несреќата дошло при судир меѓу две возила во струмички регистерски таблички, „Фиат Типо“ и „Цитроен ксара“.

Со тешки повреди се здобиле возачот на „Фиатот“, 31-годишниот Ѓ.И. и сопатникот од „Цитроенот“ 67-годишниот И.М. , неговата сопруга 68-годишната Р.М. и  24-годишниот И.Г. кои биле сопатници, како и возачот на „Цитроенот“ Н.С.  Во овој автомобил се наоѓало и 12 годишно девојче кое поминало само со два скршени заба.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата, а сообраќајот на овој патен правец беше блокиран, а возилата пренасочувани кон патот за населеното место Ангелци.

29.07.2014 - 15:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега