Таткото на починатото бебенце постојано бдее над сопругата

Драган Маринковиќ, таткото на починатото осуммесечно бебе Андрија, штом излегол од градската болница 8-ми Септември веднаш со роднините од Србија заминале во Ургентниот центар, каде се сместени неговата 30 годишна сопруга Марија и петодишниот син Матија, јавува Канал 5.

Марија и Драган живееле во Швајцарија. По долгиот пат едвај чекале да стигнат дома. По одморот во родниот крај, среќни со помалиот брат Никола заминале на одмор во Грција. Решиле да одат во Паралија и заедно да го поминат одморот, а за жал стигнале до Демир Капија кога во седум часот возилото форд фиеста о другата страна преминело на полна линија и директно удрило во шкода фабијата, каде било семејството Маринковиќ.

29.07.2014 - 14:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега