Четворица ранети во грабежот на златарницата во Дебар - еве ги деталите

Престрелка попладнево околу 13 часот ги вознемири граѓаните на Дебар. Според првичните информации на Пресс24, најмалку две лица се здобиле со огнострелни рани откако маскирани напаѓачи извршиле грабеж во златарница во центарот на градот. 

Како што јавува Кајгана.мк, златарницата била во сопственост на семејството Еребара, а инцидентот се случил пред поголем број граѓани, бидејќи раздвиженоста на луѓе била зголемена поради празникот Рамазан Бајрам. Има четворица ранети, меѓу кои и сопственикот на златарата „Џити“, Меџит Еребара. Тој се здобил со три прострелни рани и е пренесен во Скопскиот клинички центар. 

Вториот ранет е таксистот А. Цами кој се здобил со повреда на ногата, за кој очевидци тврдат дека им го попречил патот на маскираните разбојници, додека  двете други ранети лица се од Албанија, и моментално се на сослушување во полиција.

 

 

29.07.2014 - 14:44
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега