Згасна уште еден живот - страотна сообраќајка во Прилеп

По двете страотни сообраќајни несреќи кои ја завија Македонија во црно, во кои починаа работник и осуммесечно бебенце, се случи уште една сообраќајка во која згасна живот. Во Прилеп на земјениот пат Сливје-Рилево кај „Црници“ се случила сообраќајна незгода во која загинал 63-годишниот Петре С. од Драчево.

Драчевчанецот кој се возел со трактор управуван од страна на 43-годишниот Г.С. од Сливје, при транспорт на житни производи натоварени во приколката која била закачена за тракторот, во еден момент паднал од неа, по што бил прегазен. За жал, Петре им подлегнал на повредите на патот кон болницата.

29.07.2014 - 13:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега