Велосипедист се бори за живот - страшна сообраќајка пред Мавровка во Скопје

Велосипедист се бори за живот откако пред половина час бил прегазен на раскрсницата пред Мавровка. Очевидци за Press24 велат дека сликата била страшна. На местото веднаш дошла екипа на Брза Помош која го згрижила повреднеиот Велосипедист. Велат дека најверојатно има тешки повреди бидејќи ударот бил исклучително силен. Од полицијата се уште нема потврда за овој случај. Нема ниту официјални информации ниту во каква состојба е човекот ниту пак за неговиот идентитет. Екипа на Press24 е на терен, очекуваме повеќе информации

29.07.2014 - 11:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега