Уште едно убиство во Скопје - со метална шипка убил 25 годишно момче

25 годишниот Али Реџепи починал откако вчера вечерта, 36 годишниот Суат Бислими го удрил со метална шипка во главата. Како што дознава Press24 од полициски извори, убиството се случило во скопската општина Шуто Оризари на улицата Патрик Лумумба. 
Според првичните и се уште неофицијални информации, до убиството дошло по претходна расправија меѓу Али и Суат, кој бил очув на девојката на сега веќе починатото 25 годишно момче. 
Имено, Суат во полиција пријавил дека неговата поќерка е грабната и го навел Али како грабнувач. Подоцна вечерта, тие двајца се сретнале по што настала жестока расправија која кулминирала со тепачка. Во еден момент, Суат со метална шипка го удрил Али по главата по што воој паднал на земја. Со фрактура на черепот итно бил префрлен во Ургентниот центар, каде утрово околу 2 часот починал. 
Полицијата веќе го има обезбедено Суат, кој најверојатно ќе одговара за тешки телесни повреди со последица смрт.

Скопје оваа година има дебел црн билтен. Пред неколку месеци во Аеродром беше убиен еден бизнисмен од источна Македонија. Само ден подоцна, во скопско Ново Лисиче, возач на ЈСП ја застрела својата девојка по што се самоуби. Потоа во скопско Ѓорче Петров беше убиен матурантот Ангел Петковски, а пред неколку недели Игор Спасовски Боксач уби две сестри во Аеродром по што се самоуби. 

29.07.2014 - 10:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега