Што ќе се случува со времето до крајот на неделата?

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Во попладневните часови ќе има услови за краткотраен и слаб локален дожд.

Температурата до 25 до 36 степени.

Во Скопје слично време со температура до 33 степени.

В среда преку денот времето ќе биде сончево и топло, а кон крајот на денот ќе има нестабилност со пороен дожд и грмежи, кои ќе продолжат и преку ноќта. Нестабилно со поројни врнежи и грмежи ќе биде и в четврток и в петок.

 

 

28.07.2014 - 15:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега