Мајката на бебето коа загина кај Демир Капија се бори за живот

30-годишната мајка на бебенцето кое утрово загина во страотна сообраќајка кај Демир Капија и ја зави Македонија во црно, се бори за живот.

Тројца од повредените во тешката сообраќајна несреќа кај Демир Капија, се со посериозни повреди, а едно дете со полесни повреди односно со скршеница на нога, но е во добра здравствена состојба.
Инаку, сообраќајната несреќа меѓу двете патнички возила со српски регистарски ознаки, се случи изутринава кај местото викано Арсова лака меѓу Демир Капија и Удово, во момент кога возилата се разминувале.
Во двете возила имало осум патници од кои три биле во Форд Фиеста, а пет биле во Шкода Фабија.

28.07.2014 - 13:37
Фото: 
дневник
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега