Ќе загинеле поради нејзиното невнимание - прочитајте што направила велешанка

Велешанка запалила цел плац од невнимание. Се работи за 42-годишната С.Б. која движејќи се покрај „Сканија“-цистерна, на плацот на 50-годишен сограѓанин,  фрлила отпушок од цигара. По кратко време забележала пожар на пластична канта полна со бензин која била оставена во близина на цистерната, по што ја турнала со нога. Пожарот ги зафатил трите гуми од возилото.

При обид да го изгаснат пожарот, С.Б. и З.Х. се здобиле со повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

28.07.2014 - 13:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега