Трагедија ја зави Македонија во црно: Бебе почина во страотна сообраќајка

Осуммесечно-бебе го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово на патот Демир Капија - Удово. Како што информираат од полицијата, несреќата се случила кај месноста Арсова лака кога дошло до директен судир помеѓу две патнички моторни возила со српски регистарски ознаки, форд фиеста и шкода фабија. Во возилата биле осум патници од кои едно осум-месечно бебе кое починало на пат кон велешката болница.

На лице место увид извршија јавен обвинител од Кавадарци и екипа на полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај од Неготино.

28.07.2014 - 11:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега