Од Бигорски тргна коњаница за Крушево

Шеснаесет-члена коњаница составена од јавачи од Гостивар, Другово, Кичево и Демир Хисар по добиениот благослов од игуменот на Бигорски манастир, архимандрит Партениј, тргна на пат кон славното Крушево.

Група млади, организирани од здружението „Бигорски манастир – Патот на Црешовото топче“ од Гостивар, облечени во комитски носии, тргнаа од Бигорски, каде пред 111 години од страна на монасите биле изработени неколку црешови топчиња и однесени во Крушево.

 

Пред заминување, во манастирскиот двор, пред Светото Писмо, кама и револвер, симболично ја положија заклетвата за верност кон македонското ослободително дело, а во Крушево треба да стигнат на 31 јули.

 

Среќен пат им посакаа и гостите кои во мигот на испраќањето беа во манастирот, како и Маноил Јаковлески, претседател на здружението.

Испраќањето коњаници од Бигорски за Крушево веќе станува традиција. Ова е јубилеен петти пат.

28.07.2014 - 11:11
Фото: 
MIA
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега