Борис Трајанов ја доби титулата национален уметник за 2014 година

Македонскиот баритон Борис Трајанов е добитник на титулата национален уметник за 2014 година, соопшти денеска министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Комисијата составена од академиците Катица Ќулафкова и Газанфер Бајрам, Оливер Белопета и Раде Силјан, по разгледувањето на пристигнатите предлози ослучила дека Трајанов ги исполнува критериумите утврдени со Законот за национален уметник. Борис Трајанов, кој ја добива титулата на иницијатива на Македонската опера и балет, е четвртиот носител на ова највисоко признание од областа на културата. Наградата е доживотен паричен надомест од 60 илјади денари месечно.

Претходни добитници на ова признание се македонски пијанист Симон Трпчески, филмскиот режисер Милчо Манчевски и естрадниот уметник Есма Теодосиевска Реџепова.

 

 

25.07.2014 - 12:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега