Груевски на тет-а-тет средба со шефот на италијанската дипломатија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе оствари средба со шефот на италијанската дипломатија, Федерика Могерини.

 

Средбата ќе се одрживо Владата на Република Македонија.

Предвидено е италијанската министерка за надворешни работи да се сретне и со својот македонски колега, Никола Попоски, претседателот Ѓорге Иванов и со вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими.

Како што соопштува македонското МНР, на средбите ќе бидат опфатени можностите за продлабочување на економските односи, како и билатералната соработка во останатите сегменти на општественото живеење, а предвидено е и потпишување на билатералниот договор меѓу  Република Македонија и Република Италија за социјална сигурност.

25.07.2014 - 10:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега