Охрид привлечна туристичка дестинација за сечиј џеб

Културно –историските белези, геостратешката положба,  поволните климатски услови, и прифатливите цени на туристичките  понуди секогаш го прават Охрид привлечна туристичка дестинација. Охрид  има потенцијал и неколку работи со кои може да конкурира на седумте мориња околу нас. Ова го вели претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, кој денес во Охрид беше дел од Локалниот Економски Совет на кој се расправаше за начините и мерките кои ќе допринесат за подобрување на летната туристичка сезона.

- Ние можеме да понудиме културно наследство , рекреативен, здравствен туризам.  Сметам дека сериозно треба да се земат  во предвид севкупните состојби на Балканот  и во Европа и конечно Охрид да почне да ги афирмира позитивните примери кои што ги има. Во  Охрид после осамостојувањето нема нереконструиран хотел освен Палас.   Вие имате  убави плажи, одлично средено централно градско подрачје а секако  имате и  огромно културно наследство кое полека доживува реафирмација ,  ќе добиете и афтпопат.. Охрид ги исполнува стандардите за сериозен центар  кој што може да ги сервисира клиентите на многу високо ниво, вели претседателот на Стопанската комора на Македонија, пренесе Курир.

Иако лошите временски прилики битно допринесоа во изминатиов период  од  годинешнава летна  сезона  да имаме помал  број домашни гости, радува фактот што  расте бројот на  странски туристи во Охрид , вели тој. 

Во однос на  2011-та  година кога Општина Охрид  наплатила  од туристичка такса  околу 26 000 евра за месеците  април, мај и јуни,  за оваа година се наплатени 36 000 евра односно се бележи пораст од 38%. За разлика од лани односно 2013-та година кога се наплатени 40 000 евра, оваа година има пад од само 10% кој што  според нашите согледувања ќе се компензираат во месец август – вели  Претседателот на Стопанската комора за туризам, Лејла Крстевска .

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески  денес апелира за објективно прикажување на сите показатели на  квалитетот на туристичките  услуги  и понудите во  Охрид .

Обидите  на дел од медиумите да се наруши имиџот на Охрид во насока на прескапи цени на туристичките услуги е необјективна.  Цените во Охрид  се составени за секој џеб . Има понуди на услуги за гости со поплиток и со подлабок џеб. Охрид дава услуги  кои што се наменети за сите кои имаат намера да дојдат кај нас, вели градоначалникот Бакрачески кој го дели ставот со Азески и Крстеска дека инфра структурните зафати кои ги презема Владата на Република Македонија како и  Локалната власт, битно ќе допринесат за  развојот  на стабилен  и сериозен туризам.  

25.07.2014 - 10:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега