Полицијата демне: Фрчат казни за несовесни возачи

 

Во Скопје вчера сообраќајната полиција повторно казни несовесни возачи. Откриени и санкционирани се четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, девет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, 11 возачи кои ги управувале своите возила без возачка дозвола и осум возачи кои не го користеле сигурносниот појас или, пак, го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ беа отстранети 41 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

25.07.2014 - 09:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега