Контингентот на АРМ се враќа од Авганистан

Министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, заменик-министерот за одбрана Арбен Лабеништа, државниот секретар во МО Сашо Стефаноски, високи претставници од МО и АРМ, претставници од локалната смаоуправа, роднините и други гости денеска ќе го пречекаат контингентот на АРМ од составот на Првата механизирана пешадиска бригада кој шест месеци беше во мисијата ИСАФ во Авганистан.

Припадниците на АРМ во изминатите шест месеци во Кабул задачите ги извршуваа во рамки на контингентот на Армијата на Обединетото Кралство, каде што беа задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул.

Свеченоста ќе се одржи во тетовската касарна „НХ Кузман Јосифовски Питу“.

25.07.2014 - 09:20
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега