Министерот Адеми се сретна со албанскиот амбасадор

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Албанија во Република Македонија, Петрит Бушати.

На средбата Адеми и Бушати изразиле задоволство од досегашната соработката во областа на образованието помеѓу двете земји и дискутирале за можностите за нејзино проширување. Земајќи го предвид фактот дека Спогодбата за соработка во областа на образованието и науката помеѓу Република Македонија и Република Албанија не е веќе во сила, како што соопшти Министерството за образование, двете страни се договориле да иницираат потпишување нова Спогодба за наредниот период.

Врз основа на веќе потпишани акти меѓу Република Македонија и Република Албанија, се реализираат различни активности, вклучувајќи размена на студенти на сите нивоа на образованието, како и соработка во имплементација на повеќе образовни проекти.

Двајцата соговорници, стои во соопштението, истакнале дека без никаков проблем се одвива процесот на нострификација на дипломите кои ги стекнале учениците и студентите во овие две земји.

На средбата, се вели во соопштението, станало збор и за заедничко одбележување на 22 ноември, денот на Албанската азбука

24.07.2014 - 17:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега