Ќе се спасиме ли од дождот викендов?
Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во западните делови, а кон крајот на денот и во јужните делови од земјата, ќе има услови за нестабилност со појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 27 до 35 степени.
Во Скопје времето ќе биде утре сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне е можна појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 33 степени.
Во сабота попладне и во недела преку денот ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во недела во попладневните часови процесите ќе бидат поинтензивни и понекаде во вид на невреме со појава на град проследено со засилен ветер.
На почетокот на следната недела ќе се задржи попладневната локална нестабилност, но со помал интензитет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа