„Мама е убиена, ама оди види може тета е жива“ - детали за хоророт во Аеродром

Двете деца што биле сведоци на грозоморното убиство на својата мајка и тетка во скопски Аеродром се згрижни кај татко им. Во Наташа и Билјана пукаше Игор Спасовски кој бил во љубовна врска со Наташа, а потоа и самиот си го одзел животот.

Како што пишува Дневник, соседите во зградата се се уште исплашени и не сакаат да зборуваат за хоророт кој се случувал. Велат дека Наташа со своите две деца живеела сама откако пред една и пол година се развела од сопругот, со кого заедно го купиле станот пред осум години. 

- Се враќав дома и пред влезот ги видов дечињата како се тресат и плачат. Машкото само плачеше и ништо не зборуваше, а девојчето плачејќи ми кажа дека некој чичко ја убил мајка им, а пукал и во тетката. Ми рече „мама е убиена, ама оди види може тета е жива“. Но не кажаа дека има уште еден мртов. Децата се тресеа и беа во шок. Тогаш дојде соседот од третиот кат и ги зеде децата кај него дома, а јас повикав полиција –изјави за Дневник станар од зградата.

Сосетката на убиената вели дека Наташа била грижлива мајка: - Доаѓаше често кај неа, а неколкупати ги видов како заедно влегуваат или излегуваат од влезот. Половина час пред убиството го видов како отиде кај Наташа, но за само неколку минути излезе од влезот. Не го видов кога се вратил ниту чув пукање. Но кога ги изнесуваа мртвите тела, по патиките што ги носеше го познав дека е тој - вели сосетката.

Сопственик на дуќан во близина на местото каде што работела Наташа вели дека тој со умисла ги сторил убиствата.

-Наташа беше прекрасна жена и мајка. Не ми е јасно како може љубовта да биде појака од смртта. Тоа не ми е јасно. Овде државата е виновна. Тој бил жигосан од полицијата и пак носел оружје. Kако можело тоа да го дозволат. Јас лично не го познавав убиецот, но чув дека бил проблематичен. Разбрав дека дента отишол дома кај неа и не ја пуштал да оди на одмор. § рекол „сега ќе видиш ти“, а потоа заминал, го зел пиштолот од возилото и се вратил кај неа - вели дуќанџијата. 

Пријателка на убиената Наташа, која го познавала и Игор, вели дека двајцата биле во љубовна врска од почетокот на годинава. Вели дека многу ја сакал, но бил љубоморен. Проблемите почнале пред една недела кога таа ја прекинала љубовната врска.

- Не можеше повеќе да го издржи притисокот. Ја следеше на работа, чекаше пред дуќанот каде што работи, одеше кај неа дома кога ќе посака. Пред една недела реши да го остави, но тој продолжи да ја следи секаде каде што оди. За да побегне од него, таа реши да замине од Скопје. Му кажа дека ќе оди во Грција на одмор, но Наташа и децата планираа да одат во Ресен, каде што таа има куќа. Другарка ми беше многу позитивна личност, а децата ~ беа се на светот - открива пријателката за Дневник.

Извор: Дневник

24.07.2014 - 10:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега