Убиецот Игор Спасовски оставил проштално писмо!

Истрагата на МВР за двојното убиство и самоубиство во скопската населба Аеродром, најверојатно ќе покаже дека убиецот Игор Спасовски, уште од претходно го испланирал трагичниот настан, пишува Утрински. Од неофицијални извори, во неговото возило „Форд фокус“, со бугарски регистарски таблички, било пронајдено проштално писмо, кое го напишал самиот Спасовски, а според истите извори, во неговото возило тој оставил и одредена сума на пари, во висина од 26,000 денари. Истите тој ги планирал да бидат употребени за неговиот погреб, а во истото писмо тој го најавил и хоророт кој се случи неколку моменти по неговото пристигнување во зградата во Аеродром, кај двете сестри. 

Како што пишува Утрински, Игор Спасовски никогаш не бил во дел од службите на МВР, а неговиот пиштол со кој го извршил громорозниот чин, не бил службен туку го поседувал со дозвола на негово име. 
Во поглед на шпекулациите околу ангажаманот на Игор како обезбедувач на висок државен функционер министерката Гордана Јанкулоска вели: 

„Шпекулациите говорат за едно целосно непознавање на проблематиката и начинот на кој е регулирано обезбедувањето на владините функционери. Согласно прописите на одреден број на високи функционери во државата им следува обезбедување и на сите на кои им следува обезбедувањето тоа го прави Министерството за внатрешни работи. Така да не би коментирала лични или приватни познанства или релации бидејќи тоа е надвор од нашиот домен на надлежности“. 

Повеќе дознајте на Утрински весник

23.07.2014 - 17:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега