Дечињата пред чии очи се одвиваше хоророт во Аеродром предадени на таткото

Дечињата кои вчера беа сведоци на бруталната егзекуција на своите мајка и тетка, денеска беа предадени на таткото.Наташа и тој биле разведени, а таа и децата се подготвувале да одат на одмор во Грција кога се случило грозоморното убиство, објави Алфа.

Двете деца на 34 годишната Наташа која вчера заедно со нејзината сестра, три години помладата Билјана беше убиена во стан во Аеродром му се предадени таткото, а оваа информација за Алфа ја потврдиле и од  министерството за труд и социјална политика и Центарот за социјални работи. 

"Стручни лица од Центарот за социјална работа, педагог и психолог, беа присутни во полициската станица со цел да се направи проценка на  децата за тоа дали можат да бидат сослушани или не.  Тие разговараа и со таткото на двете деца при што му дале совети како да се однесува со нив во овој период. Го информирале дека може да се обрати во Центарот за социјална работа за советодавна работа со него и децата. Во наредниот период стручните работници ќе ја следат состојбата со децата и вршењето на родителското право од страна на таткото и ќе преземат соодветни мерки за заштита на децата", вели за Алфа портпаролот на министерството за труд и социјална политика Марјан Гиевски.

За жал, дечињата биле сведоци на грозоморното убиство бидејќи убиецот пред нивни очи ја убил мајка им.

Повеќе детали за убиството прочитајте ТУКА.

23.07.2014 - 15:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега