Предлог рецепт за денеска- леден колач со јаболка

 

Направете вкусен десер за вас и вашето семејство наш денешен предлог е Леден колач со јаболка за овој десерт потребно ви  се 40 минути.

Потребни состојки: 

1 кг јаболка
600 мл вода
150 гр шеќер
2 пудинга ванила
Пола лажичка цимет
400 гр бисквити
Какао, или рендано чоколадо
шлаг

Начина на подготовка:

Прво јаболката убаво ќе ги измиете па ќе ги изрендате и се ставаат во водата 5-10 минути да се варат. Пудинзите се раствораат со 12 лажици вода, па кога ќе се сварат јаболката се додаваат заедно со циметот па се заедно се вари 5-10 минути со постојано мешање.

Во еден плех се реди ред бисквити, па се става од јаболката, пак бисквити, па јаболка и се завршува со бисквити. Се остава да се излади, па се премачкува со шлаг и се декорира со рендано чоколадо.

Имајте добар апетит!

23.07.2014 - 14:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега