ВИДЕО: Го удрил со цигла и го усмртил - приведен осомничениот за убиството на старецот од Велес

Со цигла го удрил по главата и го убил на лице место. МВР го расчисти убиството во велешката гимназија од минатата недела. Според иноформации на Press24 во полициска станица веќе е приведен 48 годишниот осомничен кој 90 годишниот Јован Цилаков го убил за пари.

Од МВР денеска соопштуваат дека убиството се случило на 17.07 околу 17 часот во дворот на велешката гимназија при што 48-годишниот З.Д. кој инаку бил бездомник, искористувајќи го моментот кога Јован Ц. му бил завртен со грб го удрил со камен по главата, по што жртвата паднала а потоа му нанел уште неколку удари со каменот. По убиството осомничениот од џебот на Јован Ц. земал околу 200 денари и заминал.

По приведувањето и извршениот службен разговор осомничениот во целост го признал делото и ги опишал околностите и деталите од убиството. Истиот вчера попладне беше изведен пред надлежен Судија на претходна постапка од ОС Велес кој му изрече мерка притвор во траење од 48 часа. По целосно комплетирање на документацијата за случајот ќе биде поднесена и кривична пријава.

23.07.2014 - 13:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега