Возеле пијани, се разбесниле па претепале полицаец - скопјани направиле хаос на улица

Скопјанец се здивел на булеварот „Климент Охридски“ откако полициски службеник го сопрел неговото возило „Форд Фокус“ со скопски регистарски ознаки. Според податоците од полицијата, на 30-годишниот С.Д му било извршено алкотестирање, при што било утврдено присуство на алкохол во крвта 1,64 промили. Кога полицискиот службеник почнал со изрекување на мерка „управување на возило во јавен сообраќај под дејство на алкохол“ сопатникот од возилото ја отворил вратата и почнал да го навредува полицаецот по што бил усно предупреден да се врати во возилото, но откако тој се разбеснил и се обидел насилно да ја земе сообраќајната дозвола, , се затрчал кон полицискиот службеник и со го удрил во левата страна на градите, а потоа го удрил и кај подлактицата.

Се работи за 33-годишниот А.Д. кој ќе си заработи соодветна кривична.

23.07.2014 - 12:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега