Градот Скопје ги избра трите најдобри фотографии

 

Град Скопје ги избра трите најдобри фотографии на конкурсот што го распиша на 15 јануари годинава за фотографии со мотиви од главниот град. Првата награда од 50 илјади денари и третата од 30 илјади денари му припаднаа на Зоран Ефремов, а втората награда од 40 илјади денари ја доби Ламбро Патче.

На конкурсот повеќето од фотографиите отсликуваа  моменти од централното градско подрачје односно Старата скопска чаршија, плоштадот „Македонија“ и градбите од проектот „Скопје 2014“.

Град Скопје во денешното соопштение истакнува дека ќе го задржи правото за свои интерни потреби да ги користи наградените фотографии во некомерцијални цели. 

22.07.2014 - 12:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега