Брзо и вкусно: Ресана торта
И доколку не сте уметник во кујната, ќе го обожавате овој рецепт! Ќе го сакате бидејќи е толку едноставен и брз, а вкусот на тортата е фантастичен!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 5 кутии ресани
* 150гр маргарин
* 50гр млечно чоколадо
* 150мл млеко
* 5 лажици шеќер
* 100гр чоколадо за готвење
* 1 лажица масло
* по желба додадете и малку вишни, малини или јагоди
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Истопете го маргаринот и мелчното чоколадо, додадете го мелкото и 5 лажици шеќер, па се заедно мешајте на тивок оган додека не се истопи.
Ситно исецкајте ги ресаните. Полиете ги со претходно подготвената смеса. Доколку ставате овошје, ситно исецкајте го и додадете во смесата.
Оставете ја да се излади па ставете ја во калап обложан со фолија. Оставете ја во фрижидер неколку часа. Извадете ја од калапот и полиете ја со филот од чоколадо за готвење. По желба декорирајте со шлаг или овошје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа