Штипјанец итно пренесен во болница - го претепале со дрвени палки

Расправија во Штип заврши крваво. Во дворот од куќата на 65-годишниот Д.Д. и 30-годишниот А.А. настанала вербална расправија помеѓу нив во која се приклучиле и 34-годишниот К.Д. и 52-годишниот М.Н.

Според податоците од полицијата, расправијата набрзо кулминирала во физичка пресметка во која насилниците употребиле метални предмети и дрвена палка. Во тепачката, Д.Д со дрвена палка го удрил М.Н во пределот на главата по што тој паднал во бессознание и итно бил пренесен во болница.

Полицијата работи на случајот.

16.07.2014 - 11:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега